Кумагаи Шихан, 7-ми Дан Аикикаи е аикидо учител на Мустафа Ајѓун Сенсеи.Кумагаи Шихан како претставник на фирма од Јапонија, почнувајќи од 1982-ра година, седум години живеел и работел во Истанбул, Република Турција и се разбира како што тоа го прават сите аикидо вљубеници, започнал аикидо часови во еден од локалните џудо клубови во Истанбул. Од аикидо групата од тоа време, денес двајца негови ученици (Али Улудаг и Мустафа Сенсеи) се носители на 6-ти Дан Аикикаи и активно го популаризираат аикидото во Турција.
Кумагаи Шихан може да се смета за "татко" на аикидото во Турција.
Add this page to your favorite Social Bookmarking websites







