Kenbukan Dojo Bitola - Aikido Aikikai Macedonia

 
прва страна Аикикаи

Аикидо е будо (боречка вештина), создадена во дваесетите години на 20-от век во Јапонија од Морихеи Уешиба (О-Сенсеи).

Аикикаи (Zaidan Hojin Aikikai) е организација на основачот на аикидото, официјално регистрирана од јапонската влада во 1940 година, создадена за зачувување и промоција на идеалите и принципите на вистинското аикидо на основачот Морихеи Уешиба.

Во 1969 година, по смртта на основачот, неговиот син Кишомару Уешиба, бил назначен за втор Аикидо Дошу. Денаес трет Аикидо Дошу е Моритеру Уешиба, внук на основачот на аикидото.

Аикикаи Хомбу Доџо во Токио е центар и главен двигател на развојот и ширењето на аикидото и инспирација за повеќе од 2 милиони аикидо практиканти ширум светот.

Терминот аикикаи аикидо не претставува стил или посебна форма на аикидо туку повеќе претставува припаѓање и прифаќње на една идеја.

Под капата на Аикикаи организацијата работеле и работат исклучителни мајстори, вистински легенди на аикидо вештината и секој од нив со своја интерпретација и обележје има голем придонес во еволуцијата, популаризацијата, но и во зачувувањето на  системот на аикидо вештината.

Во 1975-та година е создадена Интернационалната Аикидо Федерација (IAF), за да се трасираат аикидо активностите на глобално ниво. Денес претседател на ИАФ е Аикидо Дошу, Моритеру Уешиба.

Македонската Аикидо Асоцијација има успешна соработка со Аикикаи Фондацијата и Хомбу Доџо. Во 2004-та година, организиравме семинар со Јошиаки Јокота 7-ми Дан, Шихан, првпат во Македонија инструктор од Хомбу доџо, Јапонија. Во 2006-та и 2007-ма организиравме семинар со Коичи Ториуми, 7-ми Дан, Хомбу Шихан. Аикикаи Хомбу доџо и понатаму ќе го помага развојот и унапредувањето на техничкото ниво на аикидото во Македонија.

Семинарот во 2006-та со Ториуми Шихан на YouTube! Погледнете!

 



Add this page to your favorite Social Bookmarking websites
 

Флеш Вести

Семинар, 22-25-ти Октомври 2010 со Мустафа Ајѓун сенсеи, 6-ти Дан, во Битола и Скопје

Посетете не на Facebook

Find us on Facebook