
Мустафа Ајѓун Сенсеи е роден 1963 година во Црна Гора. На шестгодишна возраст, со семејството се преселил во Истанбул, Република Турција каде и денес живее и работи.
Мустафа Ајѓун Сенсеи, 6-ти Дан Аикикаи е аикидо ученик на Кенџи Кумагаи Шихан, 7-ми Дан Аикикаи.


Мустафа Ајѓун Сенсеи е професионален аикидо инструктор. Во Македонија, во Битола, прв пат одржа аикидо семинар во 1998-ма година. Од 1998-ма година до денес, во Македонија, Ајѓун Сенсеи одржа повеќе од 30 аикидо семинари и има голем придонес во развојот на нашето аикидо, аикидо инструкторите, аикидо клубовите и формирањето на Македонската Аикидо Асоцијација.
Мустафа Ајѓун Сенсеи на YouTube! Погледнете!
Add this page to your favorite Social Bookmarking websites



Мустафа Ајѓун Сенсеи
