Мустафа Ајѓун Сенсеи, 6. Дан

Мустафа Ајѓун Сенсеи е роден 1963-та година во Црна Гора. На шестгодишна возраст, со семејството се преселил во Истанбул, Република Турција каде и денес живее и работи.

Мустафа Ајѓун Сенсеи е професионален аикидо инструктор.

Во Македонија, во Битола, прв пат одржа аикидо семинар во 1998-ма година. Од 1998-ма година до денес, во Македонија, Ајѓун Сенсеи одржа повеќе од 30 аикидо семинари и има голем придонес во развојот на нашето аикидо, аикидо инструкторите, аикидо клубовите и формирањето на Македонската Аикидо Асоцијација.

 

Кенџи Кумагаи, 7. Дан, Шихан

Кумагаи Шихан е аикидо учител на Мустафа Ајѓун Сенсеи.

Кумагаи Шихан како претставник на фирма од Јапонија, почнувајќи од 1982-ра година, седум години живеел и работел во Истанбул, Република Турција и се разбира како што тоа го прават сите аикидо вљубеници, започнал аикидо часови во еден од локалните џудо клубови во Истанбул. Од аикидо групата од тоа време, денес тројца негови ученици се носители на 6-ти Дан Аикикаи и активно го популаризираат аикидото во Турција. Кумагаи Шихан може да се смета за "татко" на аикидото во Турција.

Најнови вести!

Прв тренинг во Новата 2012-та Година

Прв тренинг во Новата 2012-та година ќе биде во понеделник на 16-ти јануари според редовниот распоред!

Семинар есен 2011

Буки ваза семинар со Емирхан Јалти 3. Дан во Скопје,  9-10-ти декември 2011!

Кенбукан на YouTube



Кенбукан на Facebook

Кој е на страницата!

Имаме присутни еден гостин и нема членови

Добредојде!

Добредојдовте на нашата интернет презентација! Направете уште еден мал чекор и посетете не на тренинг! Можеби ќе откриете дека аикидо е вистинската вештина  за вас!

Ве очекуваме! :)