Придружи се!
Посетителите се секогаш добродојдени во Кенбукан доџо! Можете да дојдете и да гледате час или да ни се придружите на еден тренинг бесплатно!
Локација
Кенбукан Аикидо Доџо тренинзите ги одржува во Центарот за социјална работа во населбата Карпош во Битола.
Членување во Кенбукан доџо

Уписот во Кенбукан Доџо е бесплатен! Аикидо тренингот во Кенбукан Доџо е бесплатен! Секој член на Кенбукан Доџо плаќа месечна членарина! Средствата собрани од членарината служат за одржување и унапредување на активностите на клубот! Месечната членарина треба да биде платена до 10-ти во месецот за тековниот месец, без исклучок.
Не е дозволено присуство на часовите доколку не е платена месечната членарина за тековниот месец!
Семинари

Периодично, Кенбукан Аикидо Доџо, самостојно или во соработка со други клубови организира семинари за Аикидо со домашни и странски инструктори. Семинарите се значајни за напредок во аикидо вештината. За учество на овие семинари се плаќа семинарска такса, со која се покриваат трошоците за семинарот.
Најнови вести!
Прв тренинг во Новата 2012-та Година
Прв тренинг во Новата 2012-та година ќе биде во понеделник на 16-ти јануари според редовниот распоред!
Семинар есен 2011
Буки ваза семинар со Емирхан Јалти 3. Дан во Скопје, 9-10-ти декември 2011!
Кенбукан на Facebook
Кој е на страницата!
Имаме присутни еден гостин и нема членови

