Аикидо е будо (боречка вештина), создадена во дваесетите години на 20-от век во Јапонија од Морихеи Уешиба (О-Сенсеи). Аикидото е систем на борба и систем на себеизградување и подобрување. Во аикидото нема турнири и натпревари. Наместо тоа сите аикидо техники се учат со соработка и според способностите и карактеристиките на партнерот. Според основачот, целта на аикидото не е да го победи противникот, туку да ги победи неговите негативни карактеристики кои го спречуваат неговото размислување и делување. Мора да се разбере дека за постигнувањето на поголема извежбаност во аикидото не се доволни неколку месеци или години. Напредокот во аикидо е можен само со долготраен, постојан и посветен тренинг.

Аикикаи (Zaidan Hojin Aikikai) е организација на основачот на аикидото, официјално регистрирана од јапонската влада во 1940 година, создадена за зачувување и промоција на идеалите и принципите на вистинското аикидо на основачот Морихеи Уешиба.

Во 1969 година, по смртта на основачот, неговиот син Кишомару Уешиба, бил назначен за втор Аикидо Дошу. Денаес трет Аикидо Дошу е Моритеру Уешиба, внук на основачот на аикидото.

Аикикаи Хомбу Доџо во Токио е центар и главен двигател на развојот и ширењето на аикидото и инспирација за повеќе од 2 милиони аикидо практиканти ширум светот.

Терминот аикикаи аикидо не претставува стил или посебна форма на аикидо туку повеќе претставува припаѓање и прифаќње на една идеја.

Под капата на Аикикаи организацијата работеле и работат исклучителни мајстори, вистински легенди на аикидо вештината и секој од нив со своја интерпретација и обележје има голем придонес во еволуцијата, популаризацијата, но и во зачувувањето на  системот на аикидо вештината.

Во 1975-та година е создадена Интернационалната Аикидо Федерација (IAF), за да се трасираат аикидо активностите на глобално ниво. Денес претседател на ИАФ е Аикидо Дошу, Моритеру Уешиба.

Најнови вести!

Прв тренинг во Новата 2012-та Година

Прв тренинг во Новата 2012-та година ќе биде во понеделник на 16-ти јануари според редовниот распоред!

Семинар есен 2011

Буки ваза семинар со Емирхан Јалти 3. Дан во Скопје,  9-10-ти декември 2011!

Кенбукан на YouTube



Кенбукан на Facebook

Кој е на страницата!

Имаме присутни еден гостин и нема членови

Добредојде!

Добредојдовте на нашата интернет презентација! Направете уште еден мал чекор и посетете не на тренинг! Можеби ќе откриете дека аикидо е вистинската вештина  за вас!

Ве очекуваме! :)